Мерките за намалување на сметките за електрична енергија како мерка донесена од Министерството за енергетика рударство и минерали во соработка со „ЕВН хоме“ се насочени кон унапредување на животниот стандард на домаќинствата со деца со попреченост, како и на семејствата згрижувачи, а се однесуваат на домаќинствата со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток и на домаќинствa згрижувачи што згрижуваат од едно до пет лица во своето семејство
Министерството за енергетика во соработка со „ЕВН хоме“, со мерки за унапредување на квалитетот на живеењето на ранливите групи граѓани
Сметките за електрична енергија за одредени ранливи категории граѓани ќе се намалуваат во согласност со мерките за финансиска поддршка донесени од Министерството за енергетика рударство и минерали во соработка со „ЕВН хоме“, насочени кон унапредување на животниот стандард на домаќинствата со деца со попреченост, како и на семејствата згрижувачи. Мерките се однесуваат на домаќинствата со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток и на домаќинствa згрижувачи што згрижуваат од едно до пет лица во своето семејство.
Која е утврдената процедура по која граѓаните од предвидените ранливи категории треба да постапуваат
Во согласност со протоколот потпишан со „ЕВН хоме“, на месечна основа, најдоцна до петти во месецот, од Министерството до ЕВН се доставуваат листи на корисници на кои треба да им се намалат фактурите за потрошена електрична енергија за актуелниот месец во согласност со програмата. По доставувањето на листите во електронска форма, а најдоцна во рок од три работни дена, министерството врши уплата на вкупниот износ на директната финансиска поддршка за тој месец на „ЕВН хоме“. „ЕВН хоме“, пак, на месечно ниво, на корисниците од листата им го одобрува дефинираниот износ на директна финансиска поддршка и го евидентира како претплата на бројот на корисникот.
Претплатата ќе биде видлива во евиденцијата на „ЕВН хоме“ и ќе биде употребена за намалување на износот за плаќање на следната фактура за потрошена електрична енергија. Намалувањето ќе биде прикажано како „износ во претплата“ во фактурата.
Доколку износот во претплата е поголем од вкупниот износ за плаќање на фактурата, преостанатиот износ во претплата по основа на директна финансиска поддршка ќе биде употребен за намалување на износот за плаќање на следните фактури, сè до целосно исцрпување.
По евидентирање на претплатите на броевите на корисниците, „ЕВН хоме“ до контакт-лицата од министерството на мејл-адресите доставува вкупен извештај на евидентирани претплати за сите категории корисници од овој јавен оглас.
Решителни чекори кон изградба на социјално одговорно општество
Со оваа иницијатива, гореспоменатите институции, а особено Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, го потврдуваат ангажманот во насока на создавање социјално одговорно општество и обезбедување поддршка таму каде што е најпотребна. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопштува дека продолжи активно да работи на реализација на програмите што го олеснуваат пристапот до енергија за ранливите категории, во партнерство со сите релевантни чинители. Е.Р.