Резолуција од дијаспората, којашто ја пренесуваме интегрално:
Минатиот петок, 29 јули, Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј во истоимената библиотека преку поезија посветена на Илинден и Македонија пригодно ја одбележа 119 годишнината од Илинденското востание и 78 годишнината од АСНОМ.
Повеќе членови на Друштвото се преставија со своја поезија со која се искажа љубовта кон Македонија и кон сето она што се има постигнато со Илинденците кои го дадоа животот да се формира Република Македонија за да можеме денес слободно да се гордееме со македонската историја, јазик и нација.
После поезијата следеше дебата за сето она што се случува во Македонија, посебно за барањата на фашистичка Бугарија и предавничката политика на владејачката СДСМ, која им подлегнува на француските барања и уцени за промена на уставот, бришење на македонската историја, јазик и идентитет – потпишување на смртната казна за Македонците и Македонија.
Посебно присутните ја осудија владата на Република Македонија предводена од премиерот Ковачевски кој ја манипулира и потценува македонската јавност и ги одобрува нацистичките тенденции на Европската заедница. Со тоа уште еднаш се покажа дека СДСМ во коалиција со ДУИ се најголемите непријатели на македонскиот народ.
На крајот од средбата присутните ја донесоа следната резолуција:
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
„Ние членовите на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј и Македонците од Австралија и Дијаспората сме крајно разочарани од минатата и сегашната коалициона влада во Република Македонија која се покажа дека е составена од терористи и улични криминалци кои немаат никаква национална свест или пак човечка совест. Немаат никаква почит кон себе ниту пак кон другите и затоа не ги бранат националните интереси на македонскиот народ. Им подлегнува на повампирените фашистички влади (од оние истите држави кои ја распарчија Македонија) со надеж дека Македонија ќе биде примена во некаква европска заедница. Со Преспанскиот договор ништо не се постигна, а најмалку ќе се постигне со менување на уставот за задоволување апетитите на Фашистичка Бугарија – сите вакви потези водат кон тотално уништување на македонската нација и држава.
Во Австралија на минатогодишниот попис се декларираа над 111,000 Македонци, а уште толку има во Америка и Канада и многу повеќе во западна Европа. Надвор од Македонија делуваат над 80 црковни општини и стотина други спортски клубови, асоцијации и друштва. Вие не направивте ни најмал обид да стапите во контакт со истите, да се консултирате, да го слушнете нивното мислење и сугестии. Од вашите уништувачки потези се гледа дека тотално ги заборавивте Македонците во Егејскиот, Пиринскиот и Преспанскиот дел на Македонија кои немаат никакви човекови права, јазикот и културата им е забранета, историјата уништена“.
РЕЗОЛУЦИЈА
„Ние членовите на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј и Македонците од Австралија и Дијаспората остро ја осудуваме владата на Република Македонија која е на пат кон уништување на македонската државност и нација. Менувањето на уставот и следење договори на предавство ќе има негативни и застрашувачки последици за Македонија поради тоа што со вакви измени се распродава идентитетот, историјата, јазикот и државата. Ние бараме да се прекинат какви и да било договарања со Бугарија и Европската заедница и да се прејде кон заштита на македонскиот јазик и култура во Република Македонија и поробените делови на Македонија“.
Од членовите на литературното друштво „Григор Прличев“
Душан Ристевски
(претседател)