Ново рочиште за судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, во предметот „Монструм“ на СЈО, денеска треба да се одржи во Кривичниот суд. Се очекува да бидат изнесени како докази 133 илјади СМС-пораки и други транскрипти, предложени како дополнителни докази од Обвинителството.
Случајот се наоѓа во доказна постапка, процесот го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
Обвинителката Фетаи, пред почетокот на главната расправа, побара од судот да се обрати до Министерството за правда за добивање на конкретни одговори околу екстардицијата на осомничените Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се засолнети на Косово.
Родителите на убиените момчиња побараа и средба со министерката за правда, Рената Дескоска.