Сведокот Орце Камчев кој дава исказ пред судот за случајот „Рекет”, рече дека 350 илјади евра за рекетирање ги обезбедила неговата сопруга Ана, додека тој бил во притвор, за како што рече „да и’ бидат предадени на госпоѓата”.
– 150 илјади евра позајмила од Зоран Милевски, а јас подоцна му ги вратив – рече Камчев, додавајќи дека по излегувањето од притвор сфатил дека треба да биде глумец во приказната.
Камчев кажа дека тоа се случило на средба во Орман меѓу Зоран Милевски, Ана Камчева и Бојан Јовановски.
– Таа му вика, тоа со Бојан ако не се заврши, ќе отворам уште три, четири постапки, директно обвинителката ги бара парите – рече сведокот и дополни дека по нив на средбата дошол и Дејан Панделески, кој исто така е осомничен во истрагата „Империја”.