Тетовската полиција синоќа во вечерните часови извршила контрола на угостителски објект на улицата „Браќа Миладинови“, при што било констатирано дека во него има повеќе гости, со што не била почитувана одлуката на Владата за работно време на локалите во тек на епидемијата од ковид-19.
Во објектот во сопственост на 52-годишниот тетовец З.А биле затекнати и 14 странски државјанки (седум од Албанија, шест од Србија и една од Косово).
Тие биле приведени во полициска станица, поради злоупотреба на туристички престој и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Приведен бил и сопственикот З.А., кој исто така ќе заработи пријава.