Центарот за управување со кризи информираше за состојбата со пожарите до 9 часот. Според информации од Центарот во штипскиот регион пожарот кој започна на 2 август во атарот на село Нов Истевник, маало Пасјак, е ставен под контрола и е во дијаметар од 15 километри, до овој момент опожарена е површина од 1.100 хектари со борова шума и нискостеблести растенија на планината Средна во атарот на селото Нов Истевник. Податоците се однесуваат на зафатената површина од пожарот на територијата што е на Општина Делчево.
Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 4 часот. Во гаснењето на пожарот во моментот се ангажирани 60 припадници на АРМ, 25 вработени во Шумско стопанство „Голак“ од Делчево, со 4 теренски возила, ТППЕ – Делчево со 12 пожарникари и 2 ПП возила цистерни и едно теренско возило лада нива, 5 припадници на Гранична полиција со 4 теренско возило дефендери, 10 припадници на ОВР – Делчево со 3 теренско возило , ЈПКД Брегалница со 5 вработени, 2 ровокопачи и едно теренско возило со 1 тон вода и 1 џип.Во гаснењето на пожарот се ангажирани 2 хеликоптери на АРМ и РЦУК – Делчево со 2 вработен ТППЕ од Македонска Каменица со 4 пожарникари со едно теренско возило, МВР од единица Тигри со 24 вработени, МВР – ЕБР со 22 вработени и ТППЕ од Р.Бугарија со 6 пожарникари и 1 ПП возило цистерна Пожарот е сеуште активен. Екипите што се на терен и учествуваат во гаснењето на пожарот се распоредени на повеке критични места со цел пожарот да се стави под контрола Во овој момент најлосо е на место викано Света вода помегу селата Тработивиште и Разловци. Волантери од Црвениот крст Делчево се на терен и доставуваат вода за пиење на ангажираните во гаснењето на пожарот. Во гаснењето на пожарот учествуваат и жители од месното население. До овој момент пожарот што е на подрачјето на општина Делчево е заобиколен и ставен под контрола. Заради контрола преку ноќта на терен ќе останат екипа од ТППЕ Делчево со 1 ПП возило и 4 пожарникари и екипа од МВР Скопје.
Пожарот кој започна на 2 август на м.в.Бејаз Тепе е сеуште активен во селата Робово, Мачево и Будинарци. На терен се 100 припадници на АРМ, 20 Ренџери, има Помош од Бугарија со 3 ПП возила и 25 пожарникари, екипа на ШС Равна Река со 2 теренски возила со цистерни и 4 возила за превоз и 30 вработени, екипа на ШС Малешево со 2 теренски возила со цистерни и 2 теренски возила за превоз и 15 вработени, ТППЕ Берово со 3 ПП возила и 7 пожарникари, 1 ПП возило од Скопје, 1 ПП возило од Штип, 1 ПП возило од Струмица, ДЗС со 1 теренско возило со цистерна и 4 вработени, РЦУК Берово 2 вработен, 80 луѓе од месното население. На терен е и екипата од Словенија, како и екипа од Австрија Зафатена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта. Екипите работат на локализирање на висок пожар во с.Будинрци. Во попладневните часови дејствуваат три хеликоптери на АРМ на потегот Робово – Будинарци.
Од ЦУК велат дека е алармантна ситуацијата околу Будинарци и Мачево.
Состојбата во атерот на селата: Црник, Умлена и Чифлик од попладневните часови е стабилна и на сите места има распоредено екипи за контролирање на опожарените површини.
Пожарот околу селото Црник е ставен под контрола, на терен е месното население заради контрола околу селото. Во моментот пожарот е и над село Мачево и таму има екипи распоредени. Околу село Робово се прави појас за да се се прекине пожарот.
Во велешкиот регион пожарот кој што започна вчера во Богословец сеуште не е изгаснат и е активен во атарот на с. Кадрифаково.
Во гасењето на пожарот учествуваат 11 припадници на ТППЕ Свети Николе со 3 ПП возила, ДПД Свети Николе со 6 луѓе и 2 ПП возило, ШС Свети Николе – 15 луѓе, ЈКП Комуналец – 20 луѓе. Со пожарот е зафатена површина од околу 150 хектари со нискостеблеста дабова шума и смрека, борова шума и сува трева, а изгорени се и 4 куќи во селото Богословец и 1 трактор.
Пожар во село Џидимирци. Известени се во Шумско стопанство Бабуна и истите ќе пратат екипи на терен. Подетални информации ќе има по пристигнувањето на екипата на лице место.
Во струмички регион пожарот од 1 август во месноста Погана кој започна околу 12.30 часот и зафати површина од околу 1.350 хектари, се уште е активен, посебно во делот непосредно пред ветерниците кај Богданци. На терен беа ангажирани следните сили:2 ПП возила од ТППЕ Валандово со 7 пожарникари, 14 од ШС Саланџак-Валандово, 11 припадници на АРМ, ДЗС Валандово 7, ЕВН со 7 вработени 1 цистерна за вода и 1 теренско возило. На теренот присутните сили заедно со силите од Гевгелија направија појас на најкритичниот дел со должина од 300 метри и ширина од окулу 5-6 метри и на овој дел се чека пожарот за активно да се дејствува за да не префрли према Богданци.
Пожарот кај село Дамјан е активен, но нема опасност засега кон Дамјан. Од ветерот се движи кон селата Дедино и Ињево. На координативно тело е договорено во наутро во 05 часот да се излезе и да се види какви мерки да се превземаат. Во моментот таму се наогаат екипи на : ТППЕ-Радовиш, со 3 пп возила, и 12 пожарникари, екипа од ТППЕ-Струмица со 1 пп Возило и 5 пожарникари како и екипа од ПШС-Плачковица-Радовиш со 15 луге локално население во гасење напожарот ке се вклучат со човечки ресурси и цистернаи од БОРОВ ДОЛ – Бучим.
Во општина Прилеп, пожарот во атарот на Ракле – Никодин – Топлица од 2 август во 13.10 часот е активен со јак интензитет. Од село Ракле евакуирани се 2 неподвижни стари лица и префрлени во својот дом во Прилеп. Интервенцијата ја спроведе екипа од МВР ПС Прилеп со возило на ПС Прилеп. Во с.Ракле останати се уште 5 лица. ТППЕ Прилеп има ангажирано 2 ПП возила и 9 пожарникари.
Пожар на потегот Дрен – Смолани (општина Прилеп) во кој гори сува трева, смрека, чолија и лисната постелка е со јак интензитет. На истиот локалитет има и еден приземен пожар на м.в. Мањов Дол, каде гори нискостеблеста дабова шума. На барање на Градоначалникот на ЕЛС Прилеп, упатено до ДЗС Прилеп, за помош на лица за гасење на пожарите ,договорено е дека денес од ДЗС Битола и ДЗС Прилеп ќе има екипа од 12 лица со алат за гасење на пожарите.
Градоначалникот на ЕЛС Прилеп има доставено барање за воздушна подршка од хеликоптери и 20 војници од редовите на АРМ за помош во гасење на пожарот на потегот Дрен – Смолани.
Пожарот над с.Пожаране-Гостивар повторно се активирал. Екипите на Македонски Шуми повторно се на лице место со едно возило и 4 вработени. Состојбата се следи.
Во скопскиот регион пожарот кај селата Раовиќ – Буковиќ – Ласкарци (опш.Сарај) е под контрола, т.е. гори само високото на сртот према НП Јасен, каде веќе има екипи од НП Јасен кои доколку има потреба ќе интервенираат. Нема опасност по с.Раовиќ и по останатните населени места.