Две лица заработија кривични пријави поради тоа што лажно претставувајќи се како модни агенти сликале четири девојки од Охрид, а сликите потоа заедно со нивни лични податоци ги поставиле на сајт за остварување контакти.
Како што информира МВР кривична пријава е поднесена против К.К (29) од Свети Николе и Н.Ц. (31) од Охрид, кои на 23 јули минатата година на плажа во Охрид, извршиле фотосесија на четири девојки од Охрид, откако претходно ги убедиле дека фотографиите се за модна агенција од Србија, која бира манекенки, презентерки, фотомодели и девојки за спотови.
Пријавените, на четирите девојки им исплатиле по 600 денари, а потоа им ги фотографирале и личните документи. Во текот на оваа година фотографиите и личните податоци на четирите девојки од Охрид, без нивно знаење и нивна согласност, биле објавени на веб сајт, кој бил креиран за остварување контакти.