Обвинителката Фатиме Фетаи пред денешното рочиште за случајот „Монструм“, рече дека не е важно кој ќе ги застапува предметите на СЈО, туку е важно тие што се огрешиле да одговараат.
-Не е битно дали ќе биде Фатиме, Вилма, Костадинка. Важно е тој што се огрешил, да ги сноси последиците од тоа – рече Фетаи.
Обвинителката ова го изјави по писмото на Катица Јанева преку судот испратено до СЈО во кое таа бара во рок од три дена сите предмети да му бидат предадени на Јавното обвинителство.