Тринаесетодишник предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во која покрај него повредени се уште две лица.
Според СВР Тетово, вчера попладне околу 17.00 часот на регионалниот пат кај браната, малолетник од Кавадарци, управувајќи патничко моторно возило „Југо“ со прикачена лесна приколка, удрил во бетонски ѕид од левата страна на патот.
Од ударот со тешки телесни повреди се здобил малолетникот-возач кој по укажаната лекарска помош во општа болница Гостивар е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”.
Сопатниците во возилото, неговиот татко Ш.Д.(31) од Кавадарци и М.М.(37) од Кичево, се здобиле со телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот, а според првичните наоди, причина за несреќата е неприлагодена брзина.