Едно лице го загуби животот, пет се повредени во сообраќајна несреќа што изутрината во 5.45 часот се случи на магистралниот пат Струга – Охрид на крстосницата кај струшкото село Мислешево.
До несреќата дошло при судар на автобус со охридски регистерски таблички и патничко возило „Шери“ со струшки ознаки, со кое управувало лицето кои се здобило со фатални повреди. Неговиот идентитет се уште не е утврден.
На местото на сообраќајната незгода увид извршиле надлежен јавен обвинител, како и полициски екипи од Полициската станица – Струга.