Обвинителката Лиле Стефанова денеска треба да сведочи за случајот „Рекет“, во кој обвинети се поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева и Бојан Јовановски, на денешното рочиште во Кривичниот суд. Минатото рочиште беше одложено поради болест на адвокатите на Јовановски, Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска.
По Стефанова, предвидено е да сведочи и обвинителот Бурим Рустеми, кој исто така беш дел од тимот на СЈО.