Велосипедист од Битола, на возраст од 25 години е спасен благодарение на брзата и правовремена интервенција на тимот за спасување при Дирекцијата за заштита и спасување.

Тој тешко се повредил во месноста викана „Широка“ во Националниот парк Пелистер, откако со својот велосипед во еден момент изгубил контрола и паднал по стрмната патека, при што се здобил со тешки повреди на главата и рацете.

По падот, бајкерот останал во бессознание и во таа состојба бил извлечен. По несреќата која се случила вчера околу пладне неговите другари, со кои возел се јавиле за помош во тимот за спасување на планина, при Дирекцијата за заштита и спасување.

Петар Нолев одговорен на тимот вели дека на местото на несреќата пристигнале за 30- тина минути, пружиле прва помош и извршиле имобилизација на повредениот, кој со џип теренско возило бил пренесен до Брзата помош и до Битолската клиничка болница.
М.М.