Шест повредени лица и материјална штета од околу 200 илјади денари се последиците од сообраќајната несреќа во која учествувале четири возила што се случила синоќа околу 23 часот и 20 минути на улицата „Илинденска“ во Тетово, информираа од СВР Тетово.
Според полициските податоци, две од возилата биле во движење, а две биле паркирани. Се судриле „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици што без возачка дозвола го управувал Х.С.(24) од Мала Речица и „Пасат“ со гостиварски таблици управуван од Н.С.(35) од Гостивар, а потоа биле оштетени и две паркирани возила со тетовски таблици „Ландровер“ и „Рено твинго“.
Во несреќата, возачот на „Пасатот“ Х.С. и еден сопатник од истото возило, како и возачот на „Мерцедесот“ Н.С. и тројца негови сопатници задобиле телесни повреди и со медицинско и други возила биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување лекарска помош.
Полицијата извршила комплетен увид и работи на утврдување на причината за несреќата во која вкупната материјална штета првично се проценува на 200 илјади денари.