Без повредени лица, но со материјална штета поминала сообраќајната несреќа која се случила попладнево на автопатот Тетово – Скопје во која во едно од возилата патувал министерот за култура, Хусни Исмаили, кој живее во Тетово. Сообраќајката се случила околу 16.30 часот во близина на наплатната рампа кај Желино.
– Се случила сообраќајна незгода во која учествувале возило „пасат“ во кое имало две лица и камион-влекач управуван од Е.К (55) од Гостивар. „Пасатот“ е со скопски регистарски таблички, сопственост на Владата, а камионот со гостиварски ознаки. Немало повредени, но е предизвикана материјална штета – информираат од СВР Тетово.