Скопјанец на возраст од 40 години е повреден во пожар што избил во стан на улицата Ѓорѓи Сугаре.
Како што информираат од МВР, пожарот избувнал во вечерните часови на 18 септември во станот во кој престојувал 40-годишникот.
Притоа, мажот се здобил со повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната бригада Скопје.
Надлежните работат на расчистување на случајот.