Вчера на булеварот „Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го привеле Е.Ш. (31) од селото Шишево, Скопско, кој се барал по потерница од Основното јавно обвинителство Скопје за сторени кривични дела.
– Тој бил забележан на булеварот и кога му бил даден знак за застанување, извадил пиштол и го вперил во полициските службеници, по што тие испукале два предупредувачки истрели во воздух и набргу потоа тој бил фатен – информираат од МВР.
Мажот е спроведен во полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.