Се запали „пежо 307” во движење попладнево во Кавадарци, потврдија од Територијалната противпожарна единица.
Во возилото во моментот на пожарот бил само средновечниот возач, кој за среќа не е повреден.
-Станува збор за возило со кавадаречки регистарски ознаки. На почетокот граѓани се обиделе самите да го изгаснат пожарот, а ја повикале и противпожарната единица. Наша екипа од тројца пожарникари и едно противпожарно возило веднаш по дојавата пристигна на самото место и интервенираше, по што пожарот беше изгаснат, појаснија од противпожарната служба.
Се утврдуваат причините за пожарот и направената материјална штета.