Четири лимени сандаци со куршуми биле пронајдени при ископ во близина на „Машката плажа“ во Струга.
СВР Охрид соопшти дека пронајдената муницијата потекнува од Втората светска војна.
По извршен увид од овластен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека станува збор за стара и оштетена муниција, која е безбедно е подигната од стручните екипи.