Утринава во полицијата било пријавено дека бил пронајден починат маж во неговиот дом во Радовиш.
Од СВР Струмица ја потврдија веста и информираат дека според досегашните сознанија не станува збор за убиство.
Засега не се соопштува идентитетот на починатиот.
Полицијата во присуство на јавен обвинител врши увид на местото.