Четириесет и пет лица од Пакистан биле пронајдени во камион кај наплатната станица „Отовица“ на автопатот Скопје-Велес.
МВР соопшти дека контролата на возилото била спроведена синоќа по полноќ, пришто бил приведен 28-годишниот И.М. од селото Марвинци, Богданци кој управувал со возилото.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.