Вчера, во 18.15 часот, во СВР Скопје било пријавено дека околу 18 часот, додека се истоварал смет во депонијата, која се наоѓа на излезот од селото Арачиново, на регионалниот пат Скопје – Куманово, во сметот биле забележани предмети што личат на експлозивни средства.
На местото на настанот излегле полициски службеници и од депонијата се подигнати 11 рачни бомби, без запалки. Се работи на расчистување на случајот, соопшти полицијата.