По Парадата на гордоста што се одржа вчера во Скопје, неколку лица од ЛГБТИ- заедницата, три од албанија, две од Босна и Херцеговина и еден тетовец, биле нападнати и навредувани кај Матка.
Откако 6-7 лица почнале да ги навредуваат, тие се качиле во такси возило и се упатиле кон Сарај. Но, во Сарај биле повторно пресретнати од истите лица кои ги следеле со автомобил, а тетовецот бил и физички нападнат. По пресметката, полицијата го привела напаѓачот.