Во пожарот што денеска изутрина избувна на првиот кат во зградата на поранешна Комерцијална банка во Центар, каде што се сместени просториите на Државниот инспекторат за животна средина, нема повредени лица, а според првичните информации добиени од Инспекторатот, причинета е материјална штета во три нивни канцеларии, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
– На истиот кат се наоѓаат канцелариите на одделението за комуникација со јавност при Министерството за животна средина. Во моментот на избувнување на пожарот, пред 7 часот, ниту еден од вработените не бил присутен во тие канцеларии – стои во соопштението.
За утврдување евентуална материјална штета во овие простории, ќе се формира комисија во рамките на Министерството.
Во тек е увидот од страна на МВР, со кој ќе се утврди причината за пожарот.