Вчера во 18.50 часот во полицијата било пријавено дека на улицата „23 Октомври“ во Скопје, за време на забраната за движење, поради меѓусебно недоразбирање дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.В.(30) и З.Н.(54).
Како што јави МВР, станува збор за двајца скопјани кои за време на настанот биле во алкохолизирана состојба.
По документирање на случајот ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.