Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство до семејствата на загинатите луѓе во трагичната несреќа, што ноќеска се случи во Бугарија а во која загинаа 46 луѓе.
Во овие тешки мигови, изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на сите лица и наши сограѓани кои ги изгубија своите животи и беа повредени во стравичната сообраќајна несреќа која се случи на територијата на соседна Бугарија.
Очекувам надлежните да спроведат целосна истрага, да се утврдат причините и одговорноста за трагедијата, која не се памети во нашата понова историја.
Во деновите на жалост што следуваат, посакувам мирен покој на душите на починатите и побрзо закрепнување на повредените, порача Пендаровски.