Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Министерството за внатрешни работи доставил наредби за издавање на централни и меѓународни потерници за две лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Како што соопшти Јавното обвинителство, по спроведената предистрага на 20 февруари годинава, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел наредба за спроведување на истражна постапка за петмина, меѓу кои и за овие две лица кои се недостапни на органите на прогонот.
-Тогаш, јавениот обвинител ценејќи дека се исполнети законските основи до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 доставил предлог за определување мерка притвор за сите осомничени, при што на овие две лица им е определена мерка притвор во траење од 30 дена од нивното пронаоѓање – велат од Обвинителството .