На Граничниот премин Табановце синоќа во вечерните часови, при преглед на товарно возило биле пронајдени осуммина мигранти од Ирак, без документи за идентификација.
Како што информираат од МВР, прегледот бил извршен врз „форд транзит“ со бугарски национални ознаки, управуван од 47-годишен државјанин на Бугарија, а мигрантите биле пронајдени во кровниот дел од возилото, во наменски прилагоден простор.
Возачот бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.