Денешното рочиште за случајот „ТНТ“ не се одржа поради неприсуство на обвинетата Марика Зафировска, која е на болничко лекување по повредите што ги здобила на 1 мај кога била нападната во викендичката во Катланово. Ново рочиште за „ТНТ“ е закажано за 11 јуни.
Во судницата беа присутни обвинетите Миле Јанакиески, Никола Груевски и Тони Трајковски.
Врховниот суд постапувајќи по барање на одбраната во предметот на Специјалното јавно обвинителство „ТНТ“ за изземање на в.д. претседателот на Апелациски суд – Скопје Лидија Димчевска и нејзиниот заменик, на 16 април, донел решение со кое барањето за изземање се одбива како неосновано.
Како што соопшти Основен суд Скопје 1, врз основа на ова решение, а постапувајќи по барање на одбраната во предметот „ТНТ“ за изземање на претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев и неговиот заменик, Апелациониот суд – Скопје на 20 април 2018 година донел решение со кое барањето на одбраната се отфрла како недозволено.
По добиена надлежност за постапување, претседателот на Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по барање на одбраната за изземање на судечкиот совет кој постапува во предметот „ТНТ“ на 23 април донел со кое изземање се одбива како неосновано.