Во трагична сообраќајна несреќа во скопската населба Марино загина 15-годишно момче. Несреќата се случила вчера околу 13 часот кога автомобил марка „Рено“ со скопски регистарски ознаки се судрил со мопед управуван од починатото лице.
Според информации од министерството за внатрешни работи вчера во 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„500“ во с.Марино, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(30) од Скопје и мопед „Априлија“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Скопје.
Од здобиените повреди малолетникот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено за обдукција, а возилото било однесено на вонреден технички преглед.