Во попладневните часови на 24 јуни, скопјанка во полиција пријавила дека на улицата „Хаџи Јован Шишков“ физички била нападната нејзината 17-годишна внука.
Според пријавата, нападот врз малолетничката го извршил 35-годишен маж.
Полицијата составила записник и презема мерки за расчистување на случајот.