Пожарот кој од завчера беснееше во Порече е ставен под контрола. Од огнената стихија беше зафатен шумскиот појас во близина на селото Ковче и наменската фабрика „Сувенир“. Пожарот се гаснеше и од земја и од воздух и по повеќечасовна борба , истиот е ставен под контрола. Крај локализираното жариште сè уште дежураат екипи на жителите од Самоков и вработените во наменската фабрика.
Благодарение на решителната акција, спречено е огнот да се прошири и до селските куќи во Ковче и штетите да бидат уште поголеми. Се смета дека овие пожари како и останатите пожари во регионот, претежно се резултат на човечка негрижа и непридржување кон упатствата дадени од МВР и ДЗС .