Водителката Лила Филиповска утрово пристигна во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде што треба да даде изјава во истрагата за случајот „Рекет“.
Водителката Филиповска беше во автомобилот заедно со Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кога тој беше уапсен на граничниот премин „Богородица“, како осомничен за случајот „Рекет“.