СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ќ.(71) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.
– На 5.08.2019 околу 11:00 часот во атар на село Орашац, Кумановско, кај месноста викана Косматица пријавениот на парцели со лозје и житна култура во негова сопственост предизвикал пожар, кој се проширил и зафатил површина од околу 15 хектари сува трева и ниско стеблести растенија – соопшти МВР.