Дебарската полиција поднела пријава во врска со пожар кој на 8 август настанал во дебарското село Бомово.
Пријавата е поднесена против 60-годишник од Дебар со иницијали Б.М. кој се товари за кривично дело предизвикување шумски пожар.
Во текот на вчерашниот ден, во врска со пожар за кој вчера било пријавено дека настанал во дебарското село Горно Мелничани од страна на полицијата биле лишени од слобода осум лица (шест од Куманово и две од Албанија) и во консултација со јавен обвинител тие се задржани во полициска станица, а службен разговор е извршен со уште едно лице од селото Броштица.
По документирање и на овој случај ќе биде поднесен соодветен поднесок.