Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против К.Ф.(35) и Р.И.(38) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени 21 кривично дело ,,тешка кражба“ и две кривични дела ,,кражба“, информира МВР.
-Во периодот од 22 декември 2017 година до 17 април годинава на подрачјето на Гостивар, во куќи, патнички возила и стоматолошка ординација, пријавените, со употреба на физичка сила делувале на влезните врати, додека во патничките возила со кршење на стакло, по што влегувале внатре и одзеле пари, електрични апарати, компјутери, електрични машини за работа и алат, со што се стекнале со противправна имотна корист од 797.900 денари- соопшти МВР.