Кај комплексот банки во центарот на Скопје попладнево се запали автобусот на ЈСП. Причината за пожарот е запалување на моторот на автобусот. Пожарот е изгаснат и нема повредени.
Од МВР потврдија дека причина за пожарот најверојатно е моторот на автобусот, односно можно е да станува збор за истекување на нафта, по што автобусот се запалил. Набрзо по запалувањето на автобусот инртервенирала противпожарна екипа.