Четириесет и деветгодишен затвореник од Идризово бил донесен починат на одделот токсикологија, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Вчера во 15.10 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ на Одделот за токсикологија бил донесен починат Ј.Х.(49) од Кичево, затвореник од КПУ Идризово.
Според пријавеното од вработените во КПУ Идризово, на Ј.Х. му се слошило и на пат кон здравствената установа починал.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.