Полицијата заплени рибарски мрежи со пастрмка во Охридското Езеро. Како што соопшти МВР, вчера во периодот од 9 до 14 часот, при вршење на патролна дејност во водите на Охридското Езеро, на околу 4.000 метри од брегот на езерото полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“ пронашле рибарски мрежи со риба пастрмка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.