Жителите на Бардовци повторно протестираа против изградбата на Прифатен центар за странци. На протестот тие побараа релокација на центарот и запирање на изградбата.
Граѓаните на Бардовци пред еден месец првпат протестираа против изградбата на Прифатен центар за странци во близина на нивните домови. Демонстрантите блокираа крстосници секој втор ден. Овој пат, тие одлучија со мирна поворка да го блокираат булеварот „Илинденска“.
Протестот започна во 16 часот кај спортскиот центар „Борис Трајковски“, по што демонстраните се упатија кон Владата, каде што повикаа на стопирање на изградбата на центарот, бидејќи, како што можеше да се забележи на транспарентите, „тие и нивните деца сакаат мир“.