Едно лице загина, две се тешко повредени, а 18 се здобиле со полесни повреди во 14 од 23-те сообраќајни несреќи регистрирани во изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје.
Сообраќајната полиција санкционирала 22 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а исклучила од сообраќај 65 возачи, од кои четворица под дејство на алкохол, 51 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 10 возачи почетници.
Од сообраќај се исклучени и 41 нерегистрирано возило, 297 автомобили биле непрописно паркирани, а „пајакот“ кренал 129.
Двајца пешаци поминале коловоз надвор од пешачки премин, четворица на црвено светло, а 18 возачи поминале на крстосница на црвено светло.
Двајца возачи не дале првенство на минување на пешаци, шест се престроиле неправилно, 18 возачи не користеле заштитен шлем со мотор, мопед и мотоцикл.