Дирекцијата за заштита и спасување денеска со два авиони исфрли 35 тони вода на пожарот во близина на селата Матејче и Никуштак во општина Липково.
Од ДЗС заклучуваат дека состојбата со пожарите во државава е алармантна и дека и покрај апелите за агилност на инспекциските и копнените служби задолжени за водење превенција и контрола, ситуацијата не се смирува.
– Пожари во овој период од годината не се паметат последниве децении- се вели во соопштението од ДЗС.
Од ДЗС повикуваат за крајна совесност кај населението и веднаш да се престане со палење на ливади, трева и стрништа додека не настане катастрофа од огромен размер, која би вклучила и човечки жртви.