Во утринските часови на 6 септември во полиција било пријавено за трагичен инцидент кој се случил на влезот во радовишкото село Габревци.
Според пријавеното, 16-годишно девојче од Габревци, додека се возела на трактор кој бил управуван од нејзиниот 60-годишен дедо, паднала и била прегазена од полуприколката, по што починала на самото место.
Увид на местото на несреќата бил извршен од Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Радовиш.