Единаесетгодишно девојче вчера било силувано од таткото на нејзината другарка.
Како што соопшти МВР, во Полициската станица Прилеп, А.Х. пријавила дека на 31 мај 2018 година околу 9 часот нејзината 11 годишна ќерка отишла на гости кај нејзината другарка каде што од страна на таткото на другарката Р.Ч. (39) и биле извршени полови дејствија.
Силувачот бил приведен во полициска станица. Бил извршен увид и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.