М.У.(63) и Д.П.(38) од Скопје вчера биле приведени поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“ од страна на инспектори од Единицата за економски криминал при СВР Скопје и полициски службеници од ОВР Аеродром, објавија повеќе медиуми повикувајќи се на информации од МВР.
Полицијата постапила по пријава од страна на раководно лице во Железници на РСМ – Транспорт кое забележало поголема потрошувачка на струја во канцеларија опремена со компјутери, поради што се посомневало во „копање“ на криптовалути.
Полициски службеници потоа ги привеле двајцата вработени кои ја користеле канцеларијата и ја запечатиле просторијата.