Смртната казна, како санкција за сторено одредено кривично дело, е една од најконтроверзните теми во светот, за која постојано се дискутира. Од етички аспект, постои мислење дека смртната казна е недозволива. Од морална страна, пак, многумина се согласуваат дека е оправдана, иако ја сметаат за сурова. Се разбира, голем е бројот на луѓето што сметаат дека во некои случаи за тешки кривични дела, смртната казна е најсоодветната санкција. Смртната казна е легална во четиринаесет држави во светот

Кина

Кинеското законодавство спроведувањето на смртната казна го држи во тајност. Додека во американските држави, каде што смртната казна е легална, егзекуцијата е јавна и датумите за егзекуција се објавуваат, Кина има правило според кое сите смртни казни мора да останат апсолутно тајни и доверливи. Тие се чуваат во тајност и од семејствата на оние над кои се извршува смртната казна, сѐ додека не се реализира. По реализацијата, се известуваат членовите на семејството.
Кина можеби го има најсуровиот начин на егзекуција – со стрелање, односно со пукање во глава. Овој метод е осуден од светот како суров и крајно неетички. Секако, убиството како казна за одредено дело е само по себе нехумано, но пукањето во глава како опција за убивање е крајно нехумано. Друга форма што може да ја користат за егзекуција кинеските власти е усмртување со инјекција.
Кинескиот правен систем вели дека сите случаи за кои е одредена смртна казна, мора да бидат тајни, а медиумите речиси воопшто не ни известуваат за нив. Најшокантно во врска со егзекуциите во Кина е тоа што се извршуваат неколку илјади смртни казни во текот на една година. Тоа значи дека се извршуваат повеќе од пет егзекуции дневно, секој ден во текот на една година.

Јапонија

Јапонија, исто како и Кина, ги реализира смртните казни без да извести некого. Разликата меѓу овие две држави е тоа што јапонските власти не сметаат дека за егзекуцијата треба да е запознаено семејството на осуденикот. Тие буквално ги изненадуваат семејствата на лицата над кои треба да се изврши смртна казна со тоа што ги известуваат за неа само еден час пред нејзината реализација. Методот со кој се извршува смртната казна во Јапонија е со бесење. Затворениците се со заврзани очи, со јаже околу вратот, и ниту еден од нив не знае кога е неговиот ред. Јапонија има реализирано 24 смртни казни од 2012 до 2016 година. Откако ќе се реализира смртната казна, надлежните ги известуваат медиумите за тоа.
Освен во исклучително ретки случаи, најчесто со смртна казна се осудуваат убијците, и тоа оние што го повториле делото. Биле егзекутирани лица осудени само за едно убиство, поради суровиот начин на кој го извршиле убиството. Сепак, оваа казна најчесто им се изрекува само на повеќекратните убијци.

Јужна Кореја

Јужна Кореја е една од земјите каде сѐ уште се спроведува смртната казна, како санкција за сторено кривично дело што заслужува да биде вака санкционирано. Обвинетите на смртна казна се егзекутираат со бесење. Ова е единствен начин на реализација на смртната казна во оваа држава кога се однесува за цивили.
Доколку некој затвореник е обвинет за воен престап, тогаш егзекуцијата се извршува со стрелање, и тоа од стрелачки одред. Ова е многу насилен начин на егзекуција, но тоа воопшто не ги спречува властите да го реализираат. Северна Кореја, исто како и Кина, продолжува да ги усмртува осудените на смртна казна со куршум во глава. Разликата помеѓу Јужна Кореја и Кина е тоа што во Јужна Кореја егзекуција со стрелање „заслужуваат“ само оние криминалци што извршиле дело со кое длабоко и сериозно ѝ наштетиле на армијата.
Бројот на смртни казни во Јужна Кореја изнесува околу 61 осуденик. Интересно е тоа што за егзекуција ред чекаат повеќе од 60 лица, а последната смртна казна се реализирала дури во далечната 1997 година.

Соединетите Американски Држави

Триесет од педесетте држави што ги сочинуваат Соединетите Американски Држави ја немаат укинато смртната казна. Одлуките за егзекуции се носат на ниво на соодветната држава. Владата учествува во носењето одлука дали смртната казна ќе биде извршена или не.
Илјадници затвореници го чекаат својот ред за смртна казна. Дваесет и пет индивидуалци сторители на сериозни кривични дела беа егзекутирани на крајот од 2018 година, иако нивната бројка беше 42 лица. Од нив беа егзекутирани само 25 лица.
Смртната казна повторно беше вратена како можност да се изрекува за сторителите на кривични дела во далечната 1976 година. Оттогаш, во САД се егзекутирани 1.493 затвореници што биле осудени на смртна казна. Во 2019 година, за егзекуција својот ред го чекаа 63 осуденици.
Во САД постојат пет различни методи на извршување смртна казна: со смртоносна инјекција, со бесење, егзекуција со електричен стол, пуштање смртоносен гас и со стрелање.
Најчест начин на кој се реализира смртната казна е вшприцување смртоносна инјекција. По неа следува егзекуцијата со електрично столче, па убивање со смртоносен гас, бесење и на крајот е стрелањето.


Држави каде што смртната казна е легална
Бангладеш
Кина
Египет
Етиопија
Индија
Индонезија
Иран
Јапонија
Нигерија
Саудиска Арабија
Јужна Кореја
Шри Ланка
Тајван
САД