Во тек е полициска акција во којашто е уапен, засега еден вработен во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и уште едно лице, за уцена на скопски бизнисмен.
Според неофицијалните информации, во акцијата уапсен е обвинет, па амнестиран за упадот на 27 април, кој наводно уценувал скопски бизнисмен.
Освен него, уапсен е и вработен во АНБ. Засега нема потврда од институциите за неофицијалните информации.