Вчера околу 4.30 часот на место викано „Трската“ во Берово, патничко возило „Сеат леон“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(27) од село Умлена, Pехчевско, изгубило контрола и излетало од патот.
Притоа со повреди се здобиле возачот и четворицата сопатници М.Т.(27), М.Т.(27), М.П.(32), тројцата од село Смојмирово и П.П.(23) од Пехчево. Сите биле пренесени во Здравствен дом Берово каде им била укажана лекарска помош, по што П.П. и М.Т. биле пренесени во Клиничката болница Штип.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Берово.