По четиричасовната борба со пламените јазици кои го зафатија шумскиот појас крај македонско-грчката граница, пожарот е ставен под контрола, инфоримираат од општина Гевгелија.
Општинските власти посочуваат дека иако пожарот и натаму е активен, тој е локализиран.
– Пожарот зафати огромна површина борова шума, а поради ветрот истиот се прошири до грчка територија, зафаќајки ја и граничната караулата на АРМ, каде опожарено е едно полициско возило.
Во локализирањето на пожарот покрај противпожарната единица -Гевгелија, учествуваше и јавното претпријатие „Комуналец“ со механизација, како и граничната полиција и вработени од хотел „Фламинго“. На грчката страна во локализирањето беа вклучени и пожарникарите од Поликастро – се наведува во општинското соопштение.