Во Секторот за внатрешни работи Битола, синоќа е пријавено дека е пронајдена неиспукана артилериска граната од Прва светска војна.
А.С. (39) од село Бучин, Крушево пријавил дека при орање во нива во атарот на с.Бучин пронашол неиспукана артилериска граната 75 мм од Првата светска војна, која од страна на пиротехничар била безбедно подигната и предадена за понатамошна постапка.