Евидентирани 192 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на завчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Скопје се изречени вкупно 192 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкциja, девет за возење без возачка дозвола, 12 за управување под дејство на алкохол.

Изречени се десет санкции за користење мобилен телефон, 13 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, три за нерегистрирани возила, 65 санкции за непрописно паркирање.
– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – велат од МВР.


Казино во Куманово работело по дозволеното работно време

При контрола на угостителски објекти на подрачјето на Куманово, полициски службеници од СВР-Куманово констатирале дека казино на улицата Доне Божинов работи по дозволеното работно време. Во објектот биле затекнати шест гости и тројца вработени. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.


Напад во сервис во Синѓелиќ

На 13.6.2021 во СВР-Скопје, Г.Т. (50) од Скопје пријавил дека околу 14 часот, додека извршувал работни задачи во сервис на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат со тврд предмет од С.И. (36) од селото Сингелиќ, Скопско. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по членот 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.


Кривична пријава поради непостапување според здравствени прописи за
време на пандемија

СВР-Струмица поднесе кривична пријава против А.С. (41) од селото Босилово, Струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 3.5.2021 полициски службеници извршиле контрола во домот на А.С., но не го пронашле и покрај тоа што имал решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.